Rokoko-stanglici-(3)

Рококо Штангли

Кај може да не чинат колачи со толку ореви. Обланди филувани со изматени белки и мелени ореви. А, пак, наросени со сечкани ореви… Можете само да замислите колку се вкусни, или да ги направите и да се уверите.

Потребно е:

– 2 обланди
– 4 јајца
– 300 г шеќер
– 300 г мелени ореви
– 100 г сечкани ореви
– 1 лимон

Подготовка:

  1. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Лимонот го цедиме во цедалка. Белките ги матиме со миксер. Во садот го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Го додаваме и лимоновиот сок и матиме со миксерот додека белките не ја добијат потребната цврстина. Потоа ги додаваме мелените ореви и мешаме со лажица додека филот не се соедини.
  2. Половина од филот нанесуваме на првата обланда, со мазната страна надолу. Врз филот ја ставаме втората обланда, со мазната страна нагоре. Ја премачкуваме со преостанатиот фил. Ги сечеме филуваните обланди на штангли и ги наросуваме со сечканите ореви. Потоа ги редиме штанглите во тава за печење, обложена со хартија. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 40 минути на 100 степени и ја вадиме од рерна.
  3. На чинија за сервирање скалесто редиме од Рококо штанглите и ги декорираме со бледо-зелени шеќерни листови.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: