Kolacinja-Gasenicki-(6)

Колачиња Гасенички

Декоративни се, брзо и лесно се прават и уште побрзо се јадат. Рецепти за колачи со урми и онака нема баш многу, освен торти и непечени колачи. Па токму затоа ова е одлична шанса да испробате нешто ново, едноставно и многу вкусно.

Потребно е:

– 350 г брашно
– 2 филџана гриз
– 2 филџана млеко
– 2 филџана масло за јадење
– 2 јајца
– 1 свеж квасец
– 1 ванилин шеќер
– 1 прашок за печиво
– 1 лажица какао
– 500 г урми без семки

ЗА ШЕРБЕТ
– 600 г шеќер
– 400 мл вода
– 1 лимон

Подготовка:

  1. Квасецот го рониме со рака и го ставаме во длабок сад. Ги додаваме млекото, маслото, гризот, ванилиниот шеќер, прашокот за печиво и какаото, и непрекинато мешаме со лажица. Јајцата ги кршиме, ги додаваме во садот и со брашното замесуваме тесто.
  2. Продолжуваме да го месиме тестото на работна маса додека не стане мазно и го сечеме на два еднакви дела. Од првото парче тесто на набрашнета работна маса со сукалка развлекуваме правоаголна кора. Ги отсекуваме краевите на кората и ја сечеме на квадрати од 7 х 7 см. Средината на секој квадрат со нож ја засекуваме на по неколку места. Врз засечените делови ставаме по една урма и ги свиткуваме квадратите во ролнички, формирајќи ги гасеничките.
  3. Ги редиме во тава за печење, обложена со хартија. Истата постапка ја повторуваме и со преостанатото тесто. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 30 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Оставаме колачите да се изладат.
  4. Почнуваме со подготовка на шербетот. Во тенџере на оган ги ставаме шеќерот и водата. Лимонот го цедиме во цедалка и го додаваме лимоновиот сок во тенџерето. Вариме 10-тина минути и го тргаме тенџерето со шербетот од оган.
  5. Изладените колачи ги потопуваме во тенџерето со врелиот шербет. Откако ќе впијат од шербетот редиме од Колачињата Гасенички на чинија за сервирање. Декорираме со горниот дел од еден лимон и со полукругови лимон.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: