Smokvara-(4)

Смокварки

Едноставно и брзо ќе ги подготвите, а вкусот на преубавите колачи долго ќе го паметите. Доволно е само да сте љубители на прелиени колачи и да го сакате вкусот на џем од смокви. И толку – колку едноставно, а преубаво.

Потребно е:

ЗА ТЕСТО
– 200 мл вода
– 200 мл масло за јадење
– 200 мл млеко
– 100 г џем од смокви
– 50 г путер
– 11 лажици бело брашно
– 3-4 лажици пченкарно брашно
– ½ кесичка прашок за печиво

ЗА ПРЕЛИВ
– 300 г шеќер
– 300 мл вода
– 150 г џем од смокви

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на тестото. Во тенџере ги налеваме водата, маслото и млекото. Ги додаваме путерот и џемот од смокви, и го ставаме тенџерето на оган. Мешаме со лажица и откако содржината ќе зоврие го тргаме тенџерето од оган.
  2. Потоа во тенџерето ги додаваме белото и пченкарното брашно, и мешаме со лажица додека состојките не се соединат. Го враќаме тенџерето на оган и непрекинато мешаме додека го загреваме тестото. Го тргаме тенџерето од оган, во тестото го додаваме прашокот за печиво и мешаме со лажицата.
  3. Со раце од тестото обликуваме тркалезни форми и ги редиме во тава за печење, обложена со хартија. Ги засекуваме формите на неколку места со нож и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 20 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
  4. Почнуваме со подготовка на преливот. Во тенџере на оган ги ставаме водата, шеќерот и џемот од смокви, и мешаме со лажица. Откако содржината ќе зоврие го тргаме тенџерето од оган. Оставаме преливот да се излади. Ги вадиме колачите од тавата и ги ставаме во тенџерето со преливот.
  5. Откако ќе впијат од преливот со лажица решетка ги вадиме Смокварките од тенџерето и ги редиме на чинија за сервирање.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: