- Во сад за матење ги кршиме јајцата. Го додаваме шеќерот и матиме со миксер додека не се растопи. Потоа ги додаваме гризот, млекото, маслото, брашното, прашокот за печиво и мелените ореви. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
- Тркалезната тава бр 24 со готварска четка ја намрсуваме со масло и ја набрашнуваме. Ја нанесуваме подготвената смеса и ја ставаме тавата во рерна.
- Печеме 45 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
- Оставаме тортата речиси целосно да се излади и ја сечеме на парчиња.
- Почнуваме со подготовка на шербетот. Во тенџере на оган ги ставаме водата и шеќерот, и вариме додека шербетот не ја добие потребната густина.
- Го тргаме тенџерето од оган и оставаме шербетот речиси целосно да се излади. Со црпалка со млакиот шербет ја преливаме речиси изладената торта и оставаме да го впие.
- На чинија за сервирање ставаме три парчиња Парена торта со ореви. Декорираме со две кришки портокал и топчиња претходно изматен шлаг, и наросуваме со мелени ореви.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.