Turska-alva-(2)

Турска Алва

Десерт готов за 20-тина минути, а вкусот извонреден. Ако ја споредувате со купечката таан-алва уште веднаш да Ви кажеме – немаат ништо заедничко. Но, дека секогаш вреди да се испроба некој добар старински рецепт – тоа Да, вреди, и тоа како.

Потребно е:

2 шолји шеќер
2 шолји вода
1 шолја гриз
150 г маргарин
100 г мелени бадеми

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган го ставаме маргаринот да се растопи. Откако ќе зоврие ги додаваме гризот и мелените бадеми, и непрекинато мешаме со лажица додека смесата не се испржи.
  2. Во длабок сад го ставаме шеќерот. Ја додаваме водата и мешаме со лажица додека не се растопи.
  3. Потоа водата со шеќер ја додаваме во тенџерето на оган и мешаме со лажицата. Откако гризот ќе го впие шербетот го тргаме тенџерето од оган.
  4. Со лажица содржината од тенџерето ја нанесуваме во калап куглоф, намрсен со масло.
  5. Оставаме алвата да се излади и да се стегне. Ја превртуваме на чинија за сервирање, и декорираме со зелени смокви од слатко и со кришки портокал.

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: