- Во сад за матење ги кршиме јајцата. Го додаваме шеќерот и матиме со миксер додека не се растопи.
- Ги додаваме брашното, млекото, толчените ореви и прашокот за печиво. На ситната страна од рендето во садот рендаме кора од лимон. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
- Ја нанесуваме во тркалезен калап бр 26, обложен со хартија.
- Го ставаме калапот во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и го вадиме од рерна.
- Изладениот пандишпан го вадиме од калапот, му ја отстрануваме хартијата и го сечеме на половина.
- Првата кора пандишпан ја ставаме на чинија за торта и ја премачкуваме со мармаладот. Чоколадата за готвење ја сечкаме на ситни коцки и ја нанесуваме на мармаладот. Прекриваме со втората кора пандишпан. На горната површина на тортата нанесуваме кора од тиркизен фондан. Страничниот дел на тортата го прекриваме со ленти бел фондан.
- Декорираме со ѕвезди од бел фондан по крајот на горната површина на тортата. Декорацијата ја завршуваме со три елки од бел фондан на средината на тортата.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.