Daisies-(margaritki)-za-web

Маргаритки

Убаво изгледаат, а за вкусот на путер, шеќер во прав, јајце и бисквити, па потопени во бела чоколада и декорирани со црна чоколада ич муабет не правиме!

Потребно е:

250 г бисквити
200 г путер
300 г шеќер во прав
1 јајце
100 г бела чоколада
50 г чоколада за готвење
1 лажица масло за јадење

Подготовка:

  1. Во сад за матење ги ставаме путерот и шеќерот во прав. Јајцето го кршиме, го додаваме во садот и матиме со миксер додека путерот не стане пенест. На работна маса со сукалка ги дробиме бисквитите и ги додаваме во садот со путерот. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
  2. Белата чоколада ја кршиме на парчиња и ја ставаме во сад на пареа. Го додаваме маслото и откако чоколадата ќе се растопи го тргаме садот од оган.
  3. Од подготвената смеса формираме топчиња со големина на орев и малку ги сплеснуваме. Од едната страна ги потопуваме во растопената бела чоколада и ги ставаме во хартиени корпички.
  4. Чоколадата за готвење ја кршиме на парчиња и ја ставаме во сад на пареа. Откако ќе се растопи го тргаме садот од оган.
  5. Подизладената чоколада ја ставаме во фишек од хартија и со концентрични кругови ги украсуваме колачите.
  6. Откако чоколадата ќе се стегне ги редиме Маргаритките на чинија за сервирање и ги декорираме со зашеќерени цреши.

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: