makalo-od-kompiri-i-praz-(2)

Макало од Компири и Праз

Со арома на лук само еден од специјалитетите на нашите баби. Не и треба голема мајсторија за правење, а вкусот – одличен.

Потребно е:

1 кг варени лупени компири
400 г праз
250 г доматно пире
20 варени суви црвени пиперки
3 чешниња лук
200 мл масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Компирите ги сечкаме на коцки и ги ставаме во длабок сад. Ги гмечиме со алатка за пире, но не премногу за да останат мали парчиња компири.
  2. Празот и чешнињата лук ситно ги сечкаме, и ги додаваме во садот.
  3. На сувите варени црвени пиперки им ги отстрануваме рачките и семките, и ги ставаме во друг длабок сад. Додаваме 150 мл топла вода и миксаме со блендер.
  4. Измиксаните пиперки ги додаваме во садот со компирите и празот. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер.
  5. Во тенџере на оган го ставаме маслото да се загрее и го преливаме макалото. Го додаваме доматното пире и промешуваме.
  6. На чинија за сервирање ставаме од Макалото од компири и праз. Декорираме со тенки коси кругови праз и еден лист целер.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино.

Се служи на температура од 10-12 степени. Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *