- Во тенџере со 500 мл зовриена вода на оган ја ставаме коцката да се вари супа.
- Пилешките гради ги сечеме на тенки парчиња. Ги посолуваме и ги наросуваме мелен црн пипер.
- Потоа ги пржиме на растопениот путер во тава на оган. Откако ќе се испржат од двете страни ги вадиме парчињата месо од тавата и ги ставаме на чинија.
- Ситно сечкаме ½ главица кромид и го пржиме на преостанатата мрснотија во тавата на оган.
- Откако кромидот ќе омекне го додаваме брашното и промешуваме за да не загори. Лимонот го цедиме во цедалка и го додаваме лимоновиот сок во тавата со испрженото брашно. Ја додаваме и супата од коцка. Копарот ситно го сечкаме и го додаваме во сосот.
- Потоа во тавата ги додаваме испржените парчиња пилешки гради и динстаме 15-тина минути.
- Откако месото ќе омекне и сосот ќе ја добие потребната густана ја тргаме тава од оган. Ги вадиме парчињата пилешко од тавата и ги ставаме на чинија.
- Јајцето го кршиме и ја делиме белката од жолчката. Ја матиме жолчката со жица и ја додаваме во садот со киселата павлака.
- Размешаната павлака ја додаваме во тавата и го промешуваме сосот со жицата.
- На чинија за сервирање ставаме претходно сварени резанки. Врз нив сервираме 2 парчиња пилешко. Потоа на чинијата нанесуваме од сосот од тавата. Декорираме со претходно подготвени триаголници од лушпа од краставица и спирали од морков.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино.
Се служи на температура од 10-12 степени.