Pile-na-spanski-nacin-(3)

Пиле на Шпански Начин

Е, пиле со рум и портокал речиси па и сме сигурни дека не сте правеле. Но, нели за се има првпат, а дека вреди да се проба – вреди без дискусија, и тоа токму сега.

Потребно е:

1 пиле
500 г конзервирани домати
100 г зелени маслинки полнети со пиперки
1 црвена бабура
1 портокал
50 мл рум
2 гранчиња свежа мајчина душичка
1 лажица прашок за прелив за печење
маслиново масло
Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Пилето го сечеме на парчиња. Ги посолуваме парчињата пилешко и ги наросуваме со мелен црн пипер.
  2. Потоа ги пржиме на загреано маслиново масло во тенџере на оган.
  3. Откако парчињата пилешко ќе се запржат од двете страни на тенки долгнавести парчиња ја сечкаме бабурата и ја додаваме во тенџерето. Ги додаваме гранчињата мајчина душичка, го покриваме тенџерето со капак и динстаме 30 минути на умерен оган.
  4. Конзервираните домати ги ставаме во блендер, го додаваме прашокот за прелив за печење и миксаме.
  5. Измиксаната смеса ја додаваме во тенџерето на оган. Ги додаваме румот и маслинките.
  6. Портокалот го сечкаме на кругови, па и нив ги додаваме во тенџерето.
  7. Вариме 5 минути и го тргаме тенџерето од оган.
  8. На чинија за сервирање ставаме од Пилето на шпански начин и декорираме со гранчиња рузмарин.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: