Koftinja-vo-sos-(1)

Ќофтиња во Сос

Вакви ќофтиња не сте пробале, се надминавме себеси. Со моцарела, со пармезан, како вистински италијани!

Потребно е:

300 г мелено месо
250 г пилешки гради
150 г моркови
80 г кромид
3 чешниња лук
100 г моцарела
100 мл млеко
100 мл кечап
50 г рендан пармезан
4 кришки леб
магдонос
1 ½ лажица мешан зачин К+
1 лажица оригано
масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:


  1. Ситно сечкаме ½ главица кромид и ја ставаме во длабок сад.
  2. Пилешките гради и еден морков ги сечкаме на многу ситни коцки, и го додаваме во садот.
  3. Магдоносот и чешнињата лук ситно ги сечкаме, па и нив ги додаваме во садот.
  4. Ги додаваме меленото месо, пармезанот, ориганото и 1 лажица мешан зачин К+.
  5. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер.
  6. Кришките леб ги сечкаме на коцки и ги додаваме во садот.
  7. Го додаваме млекото и ја месиме смесата со рака додека не се соедини.
  8. Моцарелата ја сечкаме на 9 парчиња.
  9. Од подготвената смеса формираме две помали ќофтиња.
  10. На првото ќофте ставаме едно парче моцарела и го прекриваме со второто ќофте. Соединувајќи ги двете ќофтиња, истовремено прекривајќи ја моцарелата, формираме поголемо ќофте. На истиот начин ги формираме сите ќофтиња и ги пржиме на загреано масло во грил тава на оган.
  11. Откако ќе поруменат од двете страни ги вадиме ќофтињата од тавата и ги ставаме на чинија.
  12. Преостанатиот кромид ситно го сечкаме и го пржиме на загреано масло во друга тава на оган.
  13. Преостанатиот морков го сечкаме на ситни коцки и го додаваме во тавата со омекнатиот кромид.
  14. Откако и морковот ќе се запржи ги додаваме кечапот, преостанатиот мешан зачин и 500 мл вода.
  15. Посолуваме и во тавата со сосот ги додаваме испржените ќофтиња. Динстаме 20-тина минути и ја тргаме тавата од оган.
  16. Чинијата за сервирање ја украсуваме со лист марула и врз него во форма на куп ставаме претходно сварен ориз со грашок. Потоа на чинијата сервираме три ќофтиња и ги преливаме со сосот од тавата. Декорираме со претходно подготвена вазна од краставица со качунки од морков.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: