- Лимунот го цедиме во цедалка.
- Јајцата ги кршиме, белките ги ставаме во сад за матење, а жолчките ги оставаме во сад на страна.
- Ги матиме белките со миксер. Ги додаваме шеќерот во прав и ванилиниот шеќер и матиме додека не се растопат. Потоа го додаваме лимоновиот сок и матиме додека белките не ја добијат потребната цврстина.
- Ги ставаме во слаткарска кеса. Јатките ореви ги редиме во тавата за печење, обложена со хартија. Со кесата на секоја јатка нанесуваме по едно топче од белки.
- Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 60 минути на 125 степени и ја вадиме од рерна.
- Чоколадата за готвење ја кршиме на парчиња и ја ставаме во тенџере на оган. Го додаваме путерот, и откако ќе се растопат го тргаме тенџерето од оган.
- Првиот орев од бакнежот го потопуваме во растопена чоколада со путер. Врз чоколадата ставаме уште еден бакнеж.
- На истиот начин ги подготвуваме сите Залепени бакнежи и ги редиме на чинија за сервирање.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.