- Компирите со алатка ги длабиме за полнење и ги редиме во тава за печење, намрсена со масло. Главицата кромид ситно ја сечкаме, ја пржиме на загреана мешавина од путер и масло во тава на оган, и посолуваме.
- Лентите свински врат ги сечкаме на коцки и ги додаваме во тавата со омекнатиот кромид. На крупната страна од рендето ги рендаме издлабените делови од компирите, па и нив ги додаваме во тавата. Откако и компирите ќе се запржат ја тргаме тавата од оган.
- Босилекот ситно го сечкаме и го додаваме во тавата. Потоа го додаваме фета сирењето и го дробиме со виљушка. Посолуваме, го промешуваме филот и ги полниме издлабените компири.
- Кашкавалот го сечеме на 8 ленти и по една лента ставаме на секој наполнет компир. Попрскуваме со масло и во тавата додаваме 100 мл вода.
- Ја покриваме тавата со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна.
- Печеме 40 минути на 200 степени и ја вадиме тавата од рерна.
- Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови марула и црвена зелка, и ги сервираме испечените компири.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.