- Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја ставаме во длабок сад. И кимот ситно го сечкаме и го додаваме во садот.
- На крупната страна од рендето во садот го рендаме сирењето. Варените јајца ги сечеме на половина, и ги додаваме жолчките во садот.
- Потоа ги додаваме кајмакот, маргаринот, сенфот и црвениот пипер. Ја месиме смесата со рака додека не се соедини и ја ставаме во длабок сад, обложен со најлонска фолија. Прекриваме со краевите на фолијата и го ставаме садот во фрижидер.
- Откако смесата ќе се излади и ќе се стегне го вадиме садот од фрижидер и ја отвораме фолијата.
- Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови марула. Во форма на куп го сервираме Липтауерот. Преостанатите варени белки ситно ги сечкаме и ги нанесуваме на купот. На средината ставаме еден шери домат и по Липтауерот редиме кругови зелени маслинки полнети со пиперки. Декорацијата ја дополнуваме со гранчиња француски магдонос, рендан морков и шери домати.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.