Ananas-kolac

Ананас Колач

Интересен и лесен!

Потребно е:

•400 г кругови ананас од компот
•300 мл течност од компот
•3 јајца
•120 г шеќер во прав
•120 г путер
•120 г брашно
•1 портокал
•3 лажици мармалад од кајсии
•3 лажици густин
•1 прашок за печиво

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставаме 200 мл од течноста од компотот. Круговите ананас ги сечкаме на ситни коцки и ги додаваме во тенџере. Во садот со преостанатата течност од компотот го додаваме густинот и мешаме со жица. Размешаниот густин го додаваме во зовриената содржина во тенџерето на оган и непрекинато мешаме со жицата. И мармаладот го додаваме во тенџерето. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го нанесуваме во огноотпорен сад намрсен со масло. Оставаме кремот да се излади.
  2. Во сад за матење со миксер ги матиме путерот и шеќерот во прав додека путерот не стане пенест. Едно по едно ги додаваме јајцата и постојано матиме со миксерот. Ги додаваме брашното и прашокот за печиво. На ситната страна од рендето во садот рендаме кора од портокал и матиме со миксерот додека смесата не се соедини.
  3. Ја нанесуваме врз стегнатиот крем во огноотпорниот сад. Го ставаме садот во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и го вадиме од рерна.
  4. Изладениот колач го превртуваме на чинија за сервирање. Декорираме со кругови ананас, кандирани цреши и зелени шеќерни листови.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: