Bananita-torta

Бананита Торта

Убава торта со банани.

Потребно е:

ЗА ПАНДИШПАН
•9 јајца
•120 г шеќер
•100 г мелени ореви
•2 лажици брашно
•½ кесичка прашок за печиво

ЗА ФИЛ
•1 литар млеко
•120 г шеќер
•4 лажици брашно
•2 кесички прашок за пудинг од ванила
•250 г путер
•2 лажици шеќер во прав
•1 ванилин шеќер
•1 ½ кг банани
•1 лимон

ЗА ЧОКОЛАДЕН ПРЕЛИВ
•100 г чоколада за готвење
•80 г путер
•120 мл слатка павлака

ЗА УКРАСУВАЊЕ
•400 мл слатка павлака

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на пандишпанот. Јајцата ги кршиме, белките ги ставаме во длабок сад, а жолчките ги оставаме во сад на страна. Ги матиме белките со миксер. Го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Една по една ги додаваме жолчките и матиме додека не се соединат со жолчките. Ги додаваме оревите, брашното и прашокот за печиво, и мешаме со лопатка додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во тркалезен калап бр 26 обложен со хартија. Го ставаме калапот во рерна. Печеме 30 минути на 180 степени и го вадиме од рерна.
  2. Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган ставаме 600 мл млеко, шеќерот и ванилиниот шеќер. Во садот со преостанатото млеко ги додаваме прашокот за пудинг и брашното, и мешаме со жица. Размешаната смеса ја додаваме во зовриеното млеко во тенџерето на оган и мешаме со жицата. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган и оставаме кремот да се излади. Во сад за матење со миксер ги матиме путерот и шеќерот во прав додека путерот не стане пенест. Го додаваме изладениот крем и матиме додека филот не се соедини.
  3. Изладениот пандишпан го вадиме од калапот, му ја отстрануваме хартијата и го сечеме на половина. На чинија за торта ја ставаме првата кора пандишпан и ја премачкуваме со фил. Ја нанесуваме втората кора пандишпан и ја премачкуваме со преостанатиот фил. Бананите ги лупиме и ги сечеме на половина по должина. Лимонот го цедиме во цедалка, со сокот ги преливаме половинките банани и ги редиме врз филот.
  4. Почнуваме со подготовка на чоколадниот прелив. Во тенџере на оган ги топиме путерот и чоколадата искршена на парчиња. Ја додаваме слатката павлака и откако преливот ќе се соедини го тргаме тенџерето од оган. Го нанесуваме преливот на бананите и оставаме да се стегне.
  5. Во сад за матење со миксер ја матиме слатката павлака додека не ја добие потребната цврстина и го премачкуваме страничниот дел на тортата. Преостанатата павлака ја полниме во слаткарска кеса и со топчиња ги декорираме страничниот дел и горната површина на тортата.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: