Corba-so-cadeno-svinsko-meso

Чорба со Чадено Свинско Месо

Превкусна чорба која остава без здив.

Потребно е:

•300 г чадено свинско месо
•200 г јунешки рибич
•250 г лупени компири
•200 г конзервирани домати
•60 г кромид
•60 г морков
•магдонос
•1 лажица црвен пипер
•1 лажица брашно
•1 лажица мешан зачин К+
•масло за јадење
•Наша сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Чаденото месо неколку минути го вариме во тенџере со зовриена вода на оган. Откако ќе се отсоли го тргаме тенџерто од оган.
  2. Го вадиме месото од тенџерето и го сечкаме на коцки. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано масло во друго тенџере на оган. Морковот го сечкаме на ситни коцки и го додаваме во тенџерето. Рибичот го сечкаме на коцки и го додаваме во тенџерето со омекнатит зеленчук.
  3. Откако ќе се запржи налеваме 100 мл вода и динстаме 10-тина минути. Потоа во тенџерето го додаваме исечканото чадено месо. Конзервираните домати ги сечкаме на парчиња и ги додаваме во тенџерето. Налеваме 1 литар вода. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Го додаваме мешаниот зачин К+ и вариме 1 час. Компирите ги сечкаме на коцки, а магдоносот ситно го сечкаме. Ги додаваме во тенџерето и вариме уште 30 минути, или додека се свари месото.
  4. Во садот со брашното ги додаваме црвениот пипер и 100 мл вода, и мешаме со жица. Ја додаваме размешаната смеса во тенџерето. Откако чорбата ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. На чинија за сервирање ставаме од Чорбата со чадено свинско месо и декорираме со гранче магдонос.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *