Torta-so-suvo-grozje-(1)

Торта Со Суво Грозје

А, оревите? Нив ќе ги почувствувате кога ќе ја пробате тортава. Со чоколада во пандишпанот, во филот и изрендана над тортата и да сакате не може да не ја забележите. Единствено што треба е да сте љубител на чоколада, а овде богами ја има – машаааала.

Потребно е:

ЗА ПАНДИШПАН
– 8 јајца
– 200 г шеќер
– 200 г мелени ореви
– 50 г чоколада за готвење

ЗА ФИЛ
– 4 јајца
– 200 г шеќер
– 250 г путер
– 100 г суво грозје
– 100 г чоколада за готвење

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на пандишпанот. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер. Во садот го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Една по една ги додаваме жолчките и матиме додека смесата не се соедини. Потоа ги додаваме мелените ореви. На крупната страна од рендето во садот ја рендаме чоколадата за готвење и мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
  2. Ја нанесуваме во тркалезен калап бр 26, обложен со хартија. Го ставаме калапот во рерна. Печеме 20 минути на 170 степени и го вадиме од рерна.
  3. Почнуваме со подготовка на филот. Во длабок сад ги кршиме јајцата, го додаваме шеќерот и матиме со миксер додека не се растопи. Го ставаме садот на пареа. На парчиња кршиме 50 г чоколада и ја додаваме во садот. Откако чоколадата ќе се растопи и кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме садот од оган. Оставаме кремот да се излади.
  4. Сувото грозје го преливаме со румот. Во сад за матење го ставаме изладениот крем. Го додаваме путерот и матиме со миксер додека смесата не се соедини. Потоа го додаваме омекнатото суво грозје со румот и го промешуваме филот со лажица. Го ставаме во слаткарска кеса.
  5. Изладениот пандишпан го вадиме од калапот и го ставаме на чинија за торта. Со кесата со топчиња фил го украсуваме страничниот дел од тортата. Потоа со преостанатиот фил ја премачкуваме горната површина на тортата. На крупната страна од рендето врз тортата ја рендаме преостанатата чоколада за готвење.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: