Cokoladni-vanilici-(6)

Чоколадни Ванилици

Тестото брзо и лесно за подготовка, дури и за почетници во кујната, но бадемите го прават вкусот единствен. Филувани со мармалад од вишни на ванилиците им нема мана, а кога на тоа ќе го додадете вкусот на чоколада, на која ретко кој може да и одолее, ќе кажете само – мммм.

Потребно е:

– 250 г путер
– 200 г брашно
– 200 г мелени бадеми
– 7 лажици шеќер
– 1 лимон
– 2 кесички ванилин шеќер
– 100 г чоколада за готвење
– 1 лажица масло ја јадење
– 200 г мармалад од вишни
– 50 г шеќер во прав

Подготовка:

  1. Во длабок сад ги ставаме брашното, путерот, ванилиниот шеќер, шеќерот и мелените бадеми. На ситната страна од рендето во садот рендаме кора од лимон. Ги месиме состојките со рака.
  2. Продолжуваме да го месиме тестото на набрашнета работна маса и со сукалка развлекуваме кора. Со калап вадиме тркалезни форми и ги редиме во тава за печење, обложена со хартија. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 15 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
  3. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја ставаме во тенџере на оган. Го додаваме маслото и мешаме со лажица. Откако чоколадата ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган.
  4. Половина од испечените ванилици од едната страна ги потопуваме во растопената чоколада. Ги редиме на парче алуминиумска фолија, со чоколадираната страна нагоре и оставаме чоколадата да се стегне.
  5. Преостанатите ванилици со лажица ги премачкуваме со мармаладот од вишни. Врз секоја ванилица премачкана со мармалад ставаме по една ванилица со чоколаден прелив. Со цедалка едната половина на ванилиците ја наросуваме со шеќер во прав.
  6. На чинија за сервирање ставаме четири Чоколадни ванилици. Декорираме со една бела шеќерна роза и 4 зелени шеќерни листови.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: