Przenki-od-kompiri-(1)

Прженки Од Компири

Брзи и лесни за подготовка, а згора на тоа и нема да Ве чинат многу, што и не е неважно. И вкусот на самите прженки од варени компири и млад комид е добар, но во комбинација со крем сирење и испржени ленти сланина станува одличен. Прилогот останува на Вас дали ќе го правите секогаш ист или ќе го менувате по потреба.

Потребно е:

– 1 кг варени, лупени компири
– 2 млади кромитчиња
– 2 јајца
– 1-2 лажици брашно
– 1 кафена лажица сув мајоран
– 1 лажица мешан зачин К+
– 100 г ленти чадена сланина
– 50 г крем сирење
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Варените компири ги ставаме во длабок сад и ги гмечиме со алатка за пире. Младите кромитчиња ситно ги сечкаме и ги додаваме во садот. Ги наросуваме мајоранот и мешаниот зачин К+. Јајцата ги кршиме и ги додаваме во садот. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Го додаваме брашното и мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
  2. Со две лажици од смесата ги формираме прженките и ги пржиме на поголема количина загреано масло во тава на оган. Откако ќе поруменат ги вадиме од тавата и ги ставаме на чинија, обложена со хартиени салфетки.
  3. На преостанатата мрснотија во тавата на оган ги пржиме лентите сланина. Поруменетите ленти сланина ги вадиме од тавата и ги ставаме на чинија, обложена со хартија.
  4. Краевите на чинија за сервирање во круг ги украсуваме со листови ендивија. На средината на чинијата го нанесуваме крем сирењето. Потоа на чинијата ги сервираме Прженките од компири и лентите пржена сланина.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *