Pasteta-od-preostanato-meso2

Паштета Од Пилешко

Превкусно е кога Ви велиме!

Потребно е:

– 1 пиле од 1 кг
– 250 г путер
– 200 г ленти чадена сланина
– 200 г кашкавал
– 200 мл кисела павлака
– 180 г конзервирани сардини
– 100 г кромид
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Пилето го сечеме на парчиња. Им ги отстрануваме кожата и коските на парчињата пилешко, а месото го сечеме на коцки.
  2. Зовриената вода во тенџере на оган ја посолуваме и ја наросуваме со мелен црн пипер. Во водата ги вариме парчињата пилешко. Ги ставаме на чинија и многу ситно ги сечкаме.
  3. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на 50 г растопен путер во тава на оган. Лентите сланина ги сечкаме на коцки и ги додаваме во тавата со омекнатиот кромид. Откако и сланината ќе се испржи ја тргаме тавата од оган. Во длабок сад го ставаме преостанатиот путер и го матиме со миксер додека не стане пенест. На крупната страна од рендето во садот го рендаме кашкавалот. Сардините ситно ги сечкаме, па и нив ги додаваме во садот. Ги додаваме испржениот кромид со сланина и исечканото пилешко. Матиме со миксер додека паштетата не се соедини.
  4. Тркалезните калапи ги обложуваме со најлонска фолија и ги полниме со паштетата. Ги прекриваме паштетите со краевите на фолиите и ги ставаме калапите во фрижидер. Откако паштетите ќе се изладат ги вадиме калапите од фрижидер.
  5. Ги отвораме фолиите и ги превртуваме изладените паштети на послужавник. Им ги отстануваме калапите и фолиите. Чинијата за сервирање ја украсуваме со ситно сечкан кељ и ги сервираме куповите паштета. Киселата павлака ја ставаме во готварска кеса, и со топчиња павлака ги украсуваме куповите и кељот. Декорацијата на Паштетата од пилешко ја завршуваме со половинки ротквички.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *