Slatki-biseri-(6)

Слатки Бисери

Со вкус на кокос и ванила!

Потребно е:

ЗА ПАНДИШПАН
– 4 јајца
– 150 г шеќер
– 200 г брашно
– 70 мл топла вода
– ½ кесичка прашок за печиво

ЗА ФИЛ И НАРОСУВАЊЕ
– 1 литар млеко
– 120 г шеќер
– 3 кесички прашок за пудинг од ванила
– 250 г маргарин
– 100 г кокосово брашно

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на пандишпанот. Во сад за матење ги кршиме јајцата и ги матиме со миксер. Го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Потоа ги додаваме водата, брашното и прашокот за печиво, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во тава за печење, обложена со хартија. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 30 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
  2. Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган ставаме 700 мл млеко и го додаваме шеќерот. Во садот со преостанатото млеко го додаваме прашокот за пудинг и мешаме со жица. Потоа непрекинато мешајќи со жицата го додаваме размешаниот пудинг во зовриеното млеко во тенџерето на оган. Откако пудингот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Оставаме пудингот да се излади.
  3. Во сад за матење со миксер го матиме маргаринот додека не стане пенест. Го додаваме изладениот пудинг и матиме со миксерот додека филот не се соедини. Изладениот пандишпан го вадиме од тавата и му ја отстрануваме хартијата. Со калап вадиме тркалезни форми. Потоа со помал калап на половината од формите им го вадиме средишниот дел, формирајќи прстени.
  4. Врз тркалезните форми нанесуваме фил, а на филот ставаме по еден прстен од пандишпан. Ги наросуваме колачите со кокосовото брашно. На чинија за сервирање редиме од Слатките бисери. Преостанатиот фил го ставаме во слаткарска кеса и ги полниме длабнатините на прстените. Ги декорираме колачите со по едно парче киви.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: