Zlatiborska-pita-(8)

Златиборска Пита

Супер пита со сирење.

Потребно е:

– 4 кори за пита
– 4 јајца
– 200 г сирење
– 200 мл јогурт
– 180 г брашно
– 30 г сусам
– 1 прашок за печиво
– масло за јадење
– Хималајска сол

Подготовка:

  1. Кршиме три јајца и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер, додека не ја добијат потребната цврстина. Во садот ги додаваме брашното, прашокот за печиво, јогуртот и 200 мл масло. Посолуваме и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. На крупната страна од рендето во садот со жолчките го рендаме сирењето и го мешаме филот со жица.
  2. Првата кора за пита ја ставаме на работна маса и ја премачкуваме со смесата од белки со брашно, јогурт и масло. Врз неа редиме уште две кори и секоја ја премачкуваме со смесата. Нанесуваме четврта кора и ја премачкуваме со филот од сирење и жолчки.
  3. Филуваните кори ги виткаме во ролат и му ги отсекуваме краевите. Го ставаме ролатот во правоаголна тава за печење, намрсена со масло. Преостанатото јајце го кршиме и ја делиме белката од жолчката. Во садот со жолчката додаваме една лажица масло и матиме со виљушка. Потоа со готварска четка со изматеното јајце го премачкуваме ролатот и го наросуваме со сусамот. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 25 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
  4. Подизладениот ролат го вадиме од тавата и го сечеме на коси парчиња. На чинија за сервирање редиме неколку парчиња Златиборска пита. Со алатка за сладолед на двата краја од чинијата ставаме по една топка кисела павлака. Декорираме со една ротквичка засечена во форма на цвет, еден шери домат засечен на четвртинки и листови нане.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *