- Јајцата ги кршиме, белките ги оставаме во сад на страна, а жолчките ги ставаме во сад за матење. Ги додаваме шеќерот и ванилиниот шеќер, и матиме со миксер. Откако состојките ќе се соединат ги додаваме прашокот за печиво, путерот, кокосовото брашно, млекото и брашното, и матиме додека смесата не се соедини.
- Ја ставаме во слаткарска кеса и ги формираме кексите во тава од рерна обложена со хартија. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 20 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
- На чинија за сервирање ставаме 5 Домашни кокос кекси и ги наросуваме со шеќер во прав. Декорираме со половина јаболко украсено со листови мента.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.