- На крупната страна од рендето во длабок сад ја рендаме тиквата. Во тенџере на оган го топиме путерот и ја ставаме изренданата тиква да се пржи. Ги додаваме шеќерот и ванилиниот шеќер, и рендаме морско оревче. Во тенџерето со растопениот шеќер го додаваме млекото. Откако целата течност ќе испари го тргаме тенџерето од оган.
- Во сад за матење со миксер ги матиме јајцата додека не станат пенести. Ги додаваме во тенџерето со изладената тиква и мешаме со лажица додека филот не се соедини.
- На работна маса една врз друга ставаме две кори попрскани со масло. На едниот крај од корите нанесуваме фил. Ги свиткуваме краевите на корите кон внатрешноста и виткаме ролат. Го ставаме во правоаголна тава за печење намрсена со масло. На истиот начин подготвуваме уште три ролати и ги додаваме во тавата. Ги попрскуваме ролатите со преостанатото масло и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 30 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
- Изладената штрудла ја сечеме на парчиња. На чинија за сервирање ставаме две парчиња Штрудла со тиква и ги наросуваме со шеќер во прав. Декорираме со полукругови киви.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.