Pita-so-praz-i-oriz-(6)

Пита Со Праз И Ориз

Супер за доручек и вечера. :)

Потребно е:

– 500 г кори за пита
– 500 г праз
– 100 г ориз
– 4 јајца
– 150 мл млеко
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Во тенџере со зовриена вода на оган го вариме оризот и го цедиме во цедалка. Празот ситно го сечкаме и го пржиме на загреано масло во тава на оган. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Откако празот ќе омекне ја тргаме тавата од оган. Го додаваме исцедениот ориз и го промешуваме филот.
  2. Во правоаголна тава за печење, намрсена со масло ставаме една кора. И кората ја попрскуваме со масло. Во тавата редиме уште две кори, попрскани со масло. Врз корите нанесуваме од подготвениот фил. Истата постапка на редење ја повторуваме додека не ги потрошиме сите кори и целиот фил. Последниот ред од питата треба да биде од кори, попрскани со масло. Jа сечеме питата на парчиња. Во длабок сад ги кршиме јајцата, ги посолуваме и ги матиме со жица. Го додаваме млекото и мешаме со жицата. Со мешавината од јајца и млеко ја преливаме питата и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 40 минути на од 180 степени и ја вадиме од рерна.
  3. На чинија за сервирање ставаме четири парчиња Пита со праз и ориз.

 

Декорираме со два листа марула, половинки шери домати и гранчиња копар. Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *