- На хартија за печење го ставаме првото парче лиснато тесто и со сукалка развлекуваме правоаголна кора. Ги отсекуваме краевите на кората и заедно со хартијата ја ставаме во тава од рерна. На истиот начин од второто парче лиснато тесто развлекуваме уште една кора и ја додаваме во тавата. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 15 минути на 200 степени и ја вадиме од рарна.
- Во тенџере на оган налеваме 600 мл млеко. Во садот со преостанатото млеко ги додаваме брашното и ванилиниот шеќер. Јајцата ги кршиме, жолчките ги додаваме во садот со млекото и брашното, а белките ги ставаме во сад за матење. Ги мешаме млекото, брашното и жолчките со жица и ги додаваме во зовриеното млеко во тенџерето на оган. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Потоа со миксер ги матиме белките. Го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Изматените белки ги додаваме во тенџерето со подизладениот крем и благо промешуваме.
- Во подлабок правоаголен сад ја ставаме првата испечена кора. Врз неа го нанесуваме топлиот крем. Го ставаме садот во фрижидер. Откако кремот ќе се излади го вадиме садот од фрижидер.
- Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја ставаме во тенџере на оган. Додаваме 150 мл слатка павлака. Во тенџерето со растопената чоколада ја додаваме нутелата. Откако преливот ќе се соедини го нанесуваме врз кремот во садот. Го враќаме садот во фрижидер за преливот да се стегне.
- Во сад за матење со миксер ја матиме преостанатата слатка павлака додека не ја добие потребната цврстина. Огноотпорниот сад го вадиме од фрижидер. Ја нанесуваме изматената павлака врз кремот. Втората испечена кора од лиснато тесто ја сечеме на коцки. Ги нанесуваме коцките врз слатката павлака.
- Потоа според коцките лиснато тесто ја сечеме крем-питата на парчиња. На чинија за сервирање ставаме едно парче Крем-пита со нутела и шлаг. Декорираме со претходно изматен шлаг и со цедалка наросуваме со цимет.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.