ослич

Филети Од Ослич Во Крем Сос

Лесни и брзо се прави, а е навистина прекрасно. Изненадете ги вашите дома со овој вкусен рецепт!

Потребно е:

•600 г филети од ослич
•250 мл неутрална павлака
•100 г брашно
•1 лимон
•4 чешниња лук
•50 г путер
•1 кафена лажица мелен бел бибер
•1 кафена лажица кари
•1 кафена лажица сув копар
•масло за јадење
•Хималајска сол

Подготовка:

  1. Во длабок сад ги ставаме филетите од ослич. Посолуваме и наросуваме мелен бел бибер. Лимонот го цедиме во цедалка и со половина од сокот ги попрскуваме филетите. Зачинетите филети ги набрашнуваме од двете страни и ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Откако ќе се испржат од двете страни ги вадиме од тавата и ги ставаме на чинија.
  2. Во тавата со преостанатото масло на оган го додаваме путерот. Чешнињата лук ги сечкаме на парчиња и кратко ги запржуваме на загреаната мрснотија. Ги додаваме неутралната павлака, карито, сувиот копар, преостанатиот мелен бел бибер и преостанатиот лимонов сок. Откако сосот ќе ја добие потребната густина ја тргаме тавата од оган.
  3. На чинија за сервирање ставаме две филети од ослич и ги преливаме со сосот. Декорираме со ситно сечкани перца млад кромид.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: