- Главицата кромид ја сечкаме на тенки резанки и ја ставаме во тава за печење. Прасечкиот бут од двете страни го посолуваме и го додаваме во тавата. Попрскуваме со масло, преливаме со 200 мл пиво и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 2 часа на 200 степени и ја вадиме од рерна.
- Половина од лентите сланина ги сечкаме на ситни коцки и ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Ги додаваме преостанатото пиво и 1 ловоров лист. Вариме 10-тина минути и го преливаме бутот. Ја враќаме тавата во рерна и печеме уште 1 час на 180 степени.
- Преостанатите ленти сланина ги сечкаме на ситни коцки и ги пржиме на загреано масло во друга тава на оган. Киселите краставички и пиперките ги сечкаме на тенки долгнавести парчиња, а чешнињата лук на парчиња и ги додаваме во тавата со запржаната сланина. Откако и зеленчукот ќе се запржи го додаваме брашното и мешаме со лажица. Ги додаваме преостанатите 2 ловорови листови, доматно пире и 200 мл вода. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Магдоносот ситно го сечкаме и го додаваме во тавата. Откако течноста ќе испари ја тргаме тавата со прженицата од оган.
- Тавата со испеченото прасечко ја вадиме од рерна. На чинија за сервирање ставаме од пикантната прженица и врз неа го сервираме прасечкото печење.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит.