- На младите кромитчиња им ги отсекуваме перцата. Белиот дел од кромитчињата ситно го сечкаме и кратко го запржуваме на загреано масло во тава на оган. Шампињоните ги сечкаме на листови и ги додаваме во тавата. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Бадемите ситно ги сечкаме и ги додаваме во тавата со запржените шампињони. Откако течноста ќе испари ја тргаме тавата од оган.
- Подизладената содржина од тавата ја ставаме во длабок сад. Магдоносот ситно го сечкаме и го додаваме во садот. Ги додаваме црвениот пипер и крем сирењето, и го промешуваме филот.
- Со готварска четка со масло ја премачкуваме првата кора за пита. Ја сечеме на 4 квадрати. На секој квадрат ставаме по една лажица од подготвениот фил. Јајцето го кршиме и ја делиме белката од жолчката. Ја посолуваме белката и ја матиме со виљушка.
- Со готварска четка со изматена белка ги премачкуваме краевите на филуваните квадрати од кората. Ги фаќаме сите четири краја на првиот квадрат и ги свиткуваме во круг, прекривајќи го филот. И краевите на формираното пакетче ги премачкуваме со изматена белка, за да се залепат. Го ставаме пакетчето во тава за печење обложена со хартија. На истиот начин ги подготвуваме сите пакетчиња и ги редиме во тавата. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
- На чинија за сервирање ставаме неколку Пакетчиња со печурки и сирење. Декорираме со гранчиња француски магдонос.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.