- Главиците кромид ги сечкаме на тенки полукругови и ги пржиме на загреано масло во тенџере на оган. Лентите пршута ги сечкаме на коцки и ги додаваме во тенџерето со омекнатиот кромид. На крупната страна од рендето ги рендаме морковите, па и нив ги додаваме во тенџерето. Откако пршутата и морковите ќе се запржат го тргаме тенџерето од оган.
- Магдоносот ситно го сечкаме и го додаваме во тенџерето. Потоа содржината од тенџерето ја ставаме во длабок сад. Лебот го сечкаме на коцки и го ставаме во друго тенџере со загреано масло на оган. Откако коцките леб ќе се запржат го тргаме тенџерето од оган.
- Ги додаваме запржените коцки леб во длабокиот сад. Потоа ги додаваме киселата павлака и ренданиот пармезан. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и рендаме морско оревче. Јајцата ги кршиме и ги додаваме во садот. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
- Калапот куглоф го намрсуваме со путерот и го облепуваме со афионот. Во калапот ја нанесуваме подготвената смеса и го ставаме во рерна. Печеме 30 минути на 200 степени и го вадиме калапот од рерна.
- Подизладениот Куглоф од моркови и афион го превртуваме на чинија за сервирање. Длабнатината на куглофот ја полниме со гранчиња магдонос, две кришки домат и една ротквичка засечена во форма на цвет. Декорираме со кечап по крајот на чинијата
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.