Peceno-svinsko-so-polneti-jabolka-(2)

Печено Свинско Со Полнети Јаболка

За гурмани – идеално!

Потребно е:

– 2 кг свинска кртина од бут
– 1 кг зелени јаболка
– 150 мл бело вино
– 100 г кромид
– 100 г лебни трошки
– 60 г путер
– 50 г суво грозје
– 3 лажици мед
– 1 лажица пченкарно брашно
– 1 лажица мешан зачин К+
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Месото го засекуваме на повеќе места. Го посолуваме од двете страни и го наросуваме со мешаниот зачин К+. Потоа го премачкуваме со 2 лажици мед и го ставаме месото во тава за печење намрсена со масло. Го наросуваме со мелен црн пипер и во тавата додаваме 300 мл вода. Ја покриваме со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна. Печеме 30 минути на 220 степени, и уште 60 минути на 200 степени. Ја вадиме тавата со испеченото месо од рерна.
  2. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано масло во тава на оган. Откако кромидот ќе омекне ги додаваме сувото грозје и лебните трошки. Промешуваме и ја тргаме тавата од оган. Го ставаме филот во готварска кеса.
  3. Со алатка на јаболката им ги отстрануваме рачките и семките. Горниот дел на јаболката го засекуваме во форма на ѕвезди. Со кесата ги полниме издлабените јаболка со фил и ги редиме во тавата за печење. Путерот го сечкаме на парчиња. По едно парче путер ставаме на секое полнето јаболко и ја враќаме тавата во рерна. Печеме уште 40 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
  4. Го сечеме месото на парчиња. Во тенџере на оган ја ставаме преостанатата лажица мед и додаваме половина од белото вино. Пченкарното брашно го размешуваме со преостанатото вино и го додаваме во тенџерето. Откако преливот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган.
  5. Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови црвена марула. На едната страна скалесто редиме од парчињата месо и нанесуваме од преливот од тенџерето. До нив сервираме две полнети јаболка. Декорираме со гранчиња француски магдонос, кругови морков и шери доматите засечени на четвртинки.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: