Kafe-kocki-(5)

Кафе Коцки

Со прекрасна арома и вкус.

Потребно е:

ЗА ПАНДИШПАН
– 2 јајца
– 20 лажици кафен шеќер
– 100 мл масло за јадење
– 150 мл млеко
– 10 лажици меко брашно
– 10 лажици остро брашно
– 1 лажица кафе
– 1 лажица какао
– 1 прашок за печиво

ЗА ФИЛ
– 25 лажици кафен шеќер
– 200 г путер
– 100 г мелени бисквити
– 100 г мелени лешници
– 100 г чоколада за готвење
– 10 лажици вода
– 1 лажица кафе

ЗА УКРАСУВАЊЕ
– 150 мл слатка павлака
– 100 г чоколада за готвење

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на пандишпанот. Во сад за матење ги кршиме јајцата и ги матиме со миксер. Го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Потоа ги додаваме маслото, млекото, двата вида брашно, какаото, прашокот за печиво и кафето. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
  2. Правоаголната тава бр 32 ја намрсуваме со масло и ја набрашнуваме. Подготвената смеса ја нанесуваме во тавата. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 40 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
  3. Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган ги ставаме водата, шеќерот и путерот. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја додаваме во тенџерето. Откако состојките ќе се растопат го тргаме тенџерето од оган. Ги додаваме кафето, и мелените бисквити и лешници. Мешаме со лажица додека филот не се соедини. Го нанесуваме на изладениот пандишпан во тавата и оставаме да се излади.
  4. Почнуваме со подготовка на смесата за украсување. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја ставаме во тенџере на оган. Ја додаваме слатката павлака и мешаме со лажица. Откако чоколадата ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган.
  5. Изладената смеса ја ставаме во сад за матење и матиме со миксер додека не стане пенеста. Ја ставаме во слаткарска кеса. Изладениот колач го сечеме на коцки. Три Кафе коцки ставаме на чинија за сервирање. Со кесата со изматената смеса ги украсуваме Кафе коцките и чинијата за сервирање.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: