- Во тенџере со 1 литар зовриена вода на оган ги ставаме коцките да се вари супа.
- Ребрата ги засекуваме на повеќе места, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Ги пржиме на загреано масло во тава на оган додека не поруменат од двете страни.
- Главиците кромид ги сечкаме на резанки и ги пржиме на загреано масло во тенџере на оган. Коренот од целер го сечкаме на коцки, а морковите и празот на кругови, и ги додаваме во тенџерето. Чешнињата лук ги сечкаме на парчиња, па и нив ги додаваме во тенџерето. Листовите рузмарин ги кинеме од гранчињата и ги додаваме во тенџерето со запржениот зеленчук. Мајчината душичка ситно ја сечкаме и ја додаваме во тенџерето. Ги додаваме жолтиот шеќер, доматното пире и супата од коцка. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Откако содржината во тенџерето ќе зоврие ја ставаме во тава за печење.
- Врз зеленчукот ги ставаме запржените ребра. Го додаваме виното, ја покриваме тавата со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна. Печеме 2 часа на 200 степени и ја вадиме од рерна.
- Ги сечеме ребрата на парчиња. На чинија за сервирање ставаме од испечениот зеленчук. Врз него сервираме едно парче од ребрата. Декорираме со гранче копар и наросуваме оригано.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит.