- Главиците кромид и 2 чешниња лук ситно ги сечкаме, и ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Црниот дроб го сечеме на тенки парчиња и го додаваме во тавата со омекнатиот кромид. Откако дробот ќе се испржи од двете страни посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Ги додаваме виното и половина од мешаниот зачин К+. Магдоносот ситно го сечкаме и го додаваме во тавата. Налеваме 150 мл вода и динстаме 20-тина минути. Откако дробот ќе омекне ја тргаме тавата од оган.
- На растопениот путер во тенџере на оган го пржиме брашното и мешаме со жица. Во тенџерето со испрженото брашно го додаваме млекото. Преостанатите 2 чешниња лук ситно ги сечкаме и ги додаваме во тенџерето. Го додаваме преостанатиот мешан зачин, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер.
- Откако бешамел сосот ќе ја добие потребната густина рендаме морско оревче и го тргаме тенџерето од оган.
- Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови марула и врз нив ставаме претходно сварени парчиња компири. На чинијата сервираме од свинскиот дроб во бело вино. Врз дробот нанесуваме од бешамел сосот и декорираме со ситно сечкани перца млад кромид.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит.