modri-patlidzani

Запечени Модри Патлиџани Со Сирење

Ова навистина е вкусно! И оди со секој ручек!

Потребно е:

• 600 г модри патлиџани
• 300 мл кисела павлака
• 200 г крем сирење
• 100 г фета сирење
• 100 г ленти гауда
• 50 г лебни трошки
• 2 јајца
• 2 чешниња лук
• масло за јадење
• Наша сол

Подготовка:

  1. На модрите патлиџани им ги отсекуваме рачките и ги сечеме на ленти по должина. Ги редиме во тави за печење обложени со хартија и ги посолуваме. Тавите ги ставаме во рерна. Печеме 20 минути на 180 степени и ги вадиме од рерна.
  2. Во длабок сад го ставаме крем сирењето, иситнетата фетата и киселата павлака. Јајцата ги кршиме и ги додаваме во садот. Чешнињата лук ситно ги сечкаме, ги додаваме во садот и го промешуваме филот.
  3. Керамичката тава ја попрскуваме со масло и ја наросуваме со лебни трошки. Дното на тавата го прекриваме со ленти модри патлиџани, нанесуваме од филот од сирење и павлака, и додаваме од лентите гауда. Прекриваме со ленти модри патлиџани и нанесуваме фил. Потоа ги редиме преостанатите ленти модри патлиџани и премачкуваме со преостанатиот фил. Ги додаваме преостанатите ленти гауда и наросуваме со лебни трошки. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 30 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
  4. Го сечеме предјадењето на коцки. На чинија за сервирање ставаме едно парче Запечени модри патлиџани со сирење и декорираме со кругови домат.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *