Turski-gjuvec

Турски Ѓувеч

Со пилешко, нормално, но и со колбаси – е тие говедски. Зеленчукот, вообичаено како и во било кој друг ѓувеч. Но, за да откриете каква улога тука игра ајварот, засукајте ракави и со лесно, како што би кажале Турците.

Потребно е:

– 4 пилешки копани со наткопани
– 250 г тенки чадени колбаси
– 500 г домати
– 250 г модар патлиџан
– 100 г кромид
– 100 г црвена бабура
– 70 г зелена пиперка
– 60 г ориз
– 2 лажици ајвар
– 1 пилешка коцка за супа
– 1 чешне лук
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Колбасите ги сечкаме на кругови и ги ставаме да се пржат на загреано масло во тенџере на оган. Копаните ги отсекуваме од наткопаните. Ги посолуваме, ги наросуваме со мелен црн пипер и ги промешуваме за да ги впијат зачините.
  2. Потоа ги додаваме во тавата со запржените колбаси. Откако и пилешкото ќе се запржи од двете страни со лажица решетка месото и колбасите ги вадиме од тенџерето, и ги ставаме во керамичко грне. Го покриваме со капак.
  3. Во друго тенџере со зовриена вода на оган ја ставаме коцката да се вари супа. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на преостанатата мрснотија во тенџерето во кое се пржеа месото и колбасите. Бабурата, зелената пиперка и модриот патлиџан ги сечкаме на коцки, и ги додаваме во тенџерето со омекнатиот кромид. Чешнето лук го гмечиме со алатка и го додаваме во тенџерето.
  4. Потоа го додаваме оризот и мешаме со лажица. Откако ќе се запржи ги додаваме ајварот и супата од коцка, и го тргаме тенџерето од оган. Потоа содржината од тенџерето ја додаваме во грнето. Доматите ги сечкаме на кришки, па и нив ги додаваме во грнето. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер.
  5. Го покриваме грнето со капак и го ставаме во рерна. Печеме 60 минути на 220 степени и го вадиме од рерна. Од Турскиот ѓувеч ставаме на чинија за сервирање.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: