- Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано масло во тава на оган. Лентите сланина ги сечкаме на коцки, а чешнињата лук ситно ги сечкаме и ги додаваме во тавата со омекнатиот кромид.
- Откако и сланината ќе се запржи на парчиња ги сечкаме буковките, ги додаваме во тавата и ги запржуваме. Потоа го додаваме виното, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Магдоносот ситно го сечкаме, го додаваме во тавата и промешуваме. Динстаме додека течноста не испари и ја тргаме тавата од оган.
- Керамичката тава за печење ја намрсуваме со маргарин и ја наросуваме со лебни трошки. Во неа нанесуваме половина од содржината од тавата за пржење. Врз неа на ситната страна од рендето го рендаме биеното сирење и го прекриваме со преостанатата содржина од тавата за пржење.
- Наросуваме лебни трошки. Преостанатиот маргарин го сечкаме на парчиња и го додаваме во тавата. Ја покриваме со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна. Печеме 45 минути на 200 степени, ја вадиме тавата од рерна и ја отстрануваме фолијата.
- Чинијата за сервирање ја украсуваме со два листа марула и сервираме од Пелистерскиот сон. Декорираме со полукругови домат, листови власец и гранчиња француски магдонос.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.