Turlitava-na-mama-(2)

Турлитава на Мама

Преку глава Ви е да слушате како готвела мајка му на Вашиот сопруг. Сега Ви е шансата, кога ќе Ве праша што има за ручек само кажете Турлитавата на мама, и тоа твојата. И проблемот е решен, Ве очекуваат само комплименти колку сте напреднале во кујната.

Потребно е:

– 500 г свинска кртина
– 300 г тиквичка
– 250 г модар патлиџан
– 200 г кромид
– 200 г лупени компири
– 200 г брокула
– 150 г моркови
– 150 г ориз
– 100 г домат
– 70 г зелена пиперка
– 1 чешне лук
– 2 лажици мешан зачин К+
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Главицата кромид покрупно ја сечкаме, а месото го сечкаме на коцки. Пиперката ја сечкаме на парчиња, морковите на кругови, а компирите на коцки. Ги пржиме на загреано масло во тенџере на оган. Чешнето лук го гмечиме со алатка и го додаваме во тенџерето.
  2. Откако месото ќе обели на коцки ги сечкаме модриот патлиџан и тиквичката, и ги додаваме во тенџерето. Доматот го лупиме, го сечкаме на коцки и го додаваме во тенџерето. Брокулата ја делиме на цветови, па и нив ги додаваме во тенџерето.
  3. Потоа ги додаваме оризот и мешаниот зачин К+. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Додаваме 500 мл вода, промешуваме и откако содржината во тенџерето ќе зоврие ја ставаме во земјана тава. Попрскуваме со масло, ја покриваме тавата со капак и ја ставаме во рерна.
  4. Печеме 2 часа на 200 степени и ја вадиме тавата од рерна. Од Турлитавата на мама ставаме во подлабока чинија за сервирање. Декорираме со гранче магдонос и попрскуваме со маслиново масло.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: