Vekna-od-teleski-gradi-(5)

Векна од Телешки Гради

Наполнета со превкусен фил од испржен кромид, сардини, парчиња кртина, јазик, шунка и сланина, или накратко кажано векна –прсти да излижеш. Уште сервирана со мешан зеленчук, ај оди па не ја направи ако можеш.

Потребно е:

– 1,5 кг телешки гради
– 500 г телешка кртина
– 1 телешки јазик
– 150 г ленти чадена сланина
– 150 г кругови шунка
– 100 г кромид
– 150 г путер
– 2 конзервирани сардини со домати
– магдонос
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Телешките гради ги засекуваме на повеќе места за да добиеме рамна површина за ролување. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Го свиткуваме месото и го оставаме на чинија да ги впие зачините.
  2. кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на 50 г растопен путер во тава на оган. Откако ќе омекне ја тргаме тавата од оган и го ставаме кромидот во длабок сад. Ги додаваме сардините и ги гмечиме со виљушка.
  3. Телешката кртина ја сечкаме на тенки долгнавести парчиња, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Ги промешуваме парчињата месо и ги додаваме во садот. Телешкиот јазик, круговите шунка и лентите сланина ги сечкаме на тенки долгнавести парчиња, па и нив ги додаваме во садот. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Магдоносот ситно го сечкаме, го додаваме во садот и го промешуваме филот.
  4. Зачинетите телешки гради ги одвиткуваме и на нив го нанесуваме филот. Од филуваните гради формираме векна и ја зацврстуваме со готварски конец. Ја ставаме во тава за печење, намрсена со путер. Преостанатиот путер го сечкаме на парчиња и го нанесуваме на векната.
  5. Попрскуваме со масло и во тавата додаваме 500 мл вода. Ја покриваме со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна. Печеме 2 часа на 200 степени. Пред крајот на печењето ја отстрануваме фолијата за месото да порумени.
  6. Ја вадиме тавата од рерна, го отстрануваме конецот и ја сечеме векната на парчиња. На едната страна на чинија за сервирање нанесуваме претходно обарен мешан зеленчук. До него скалесто ги сервираме парчињата Векна од телешки гради и ги преливаме со течноста од тавата за печење.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: