- Шницлите ги толчиме со чук. Посолуваме, и наросуваме со 1 лажица мешан зачин К+ и со мелен црн пипер. Ги премачкуваме шницлите со сенф и ги редиме една врз друга за да ги впијат зачините. Потоа ги пржиме на загреано масло во грил тава на оган. Откако ќе поруменат од двете страни ги вадиме шницлите од тавата и ги ставаме на чинија.
- Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на преостанатата мрснотија во тавата на оган. Доматот и чешнињата лук ги сечкаме на ситни парчиња, и ги додаваме во тавата со омекнатиот кромид.
- Откако и доматот ќе се запржи ги додаваме преостанатиот мешан зачин, доматното пире и 500 мл вода. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Потоа во тавата ги враќаме испржените шницли и динстаме 40-тина минути. Откако месото ќе омекне ја тргаме тавата од оган.
- Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови марула и кругови црвена пиперка. На чинијата нанесуваме парчиња претходно сварени компири. До нив сервираме една шницла и врз неа нанесуваме од сосот од тавата. Декорираме со гранче целер.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит.