Polneti-svinski-rolnicki

Полнети Свински Ролнички

Совршено за утрешен ручек!

Потребно е:

•4 свински шницли
•4 тенки кругови шунка
•4 правоаголни парчиња кашкавал (100 г)
•250 г домати
•100 мл бело вино
•1 зеленчукова коцка за супа
•2 лажици сенф
•1 лажица сув босилек
•масло за јадење
•Наша сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Во тенџере со зовриена вода на оган ја ставаме коцката да се вари супа.
  2. Шницлите ги посолуваме и ги наросуваме со мелен црн пипер. Ги толчиме со чук и ги премачкуваме со сенф. Врз секоја шницла нанесуваме еден круг шунка. Врз шунката нанесуваме по едно парче кашкавал и виткаме ролнички. Ги толчиме краевите на ролничките со чукот и ги зацврстуваме со чепкалки.
  3. Потоа ги пржиме ролничките на загреано масло во тава на оган. Откако ќе поруменат од едната страна ги превртуваме. Ги додаваме виното и сувиот босилек. Доматите ги лупиме и ги сечеме на кришки. На кришките домати им го отсекуваме семето. Месото од доматите го додаваме во тавата со испржените ролнички. Потоа постепено додаваме од супата од коцка и динстаме 20-тина минути. Откако месото ќе омекне ја тргаме тавата од оган и ги отстрануваме чепкалките.
  4. На чинија за сервирање ставаме претходно сварени коцки компири. Врз нив сервираме една ролничка и додаваме од сосот од тавата. Декорираме со листови магдонос.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: