Kocki-so-afion

Коцки Со Афион

И уште два вида чоколада!

Потребно е:

ЗА ПАНДИШПАНИ СО АФИОН
•6 јајца
•6 лажици шеќер
•100 г мелен афион
•2 лажици брашно
•1 прашок за печиво

ЗА ЖОЛТ ПАНДИШПАН
•3 јајца
•3 лажици шеќер
•3 лажици брашно
•4 лажици масло за јадење
•½ кесичка прашок за печиво

ЗА ФИЛ
•700 мл млеко
•100 г шеќер
•200 г бела чоколада
•250 мл слатка павлака
•1 кесичка прашок за пудинг од ванила
•2 лажици брашно
•3 кесички желатин

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на пандишпаните со афион. Јајцата ги кршиме, белките ги ставаме во длабок сад, а жолчките ги оставаме во сад на страна. Ги матиме белките со миксер. Го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Ги додаваме афионот, брашното и прашокот за печиво, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во два тркалезни калапа бр 26 обложени со хартија. Ги ставаме калапите во рерна. Печеме 20 минути на 180 степени и ги вадиме од рерна.
  2. Почнуваме со подготовка на жолтиот пандишпан. Јајцата ги кршиме, белките ги ставаме во длабок сад, а жолчките ги додаваме во садот со преостанатите 6 жолчки од пандишпаните со афион. Ги матиме белките со миксер. Го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Ги додаваме брашното, прашокот за печиво и маслото, и мешаме со лопатка додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во тркалезна тава бр 26 обложена со хартија. Ја ставаме во рерна. Печеме 20 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
  3. Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган ставаме 350 мл млеко и шеќерот. Во садот со преостанатото млеко ги додаваме 9-те жолчки преостанати од пандишпаните. Потоа ги додаваме брашното и прашокот за пудинг, и мешаме со жица. Размешаната смеса ја додаваме во зовриеното млеко во тенџерето на оган. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Ја додаваме белата чоколада искршена на парчиња, мешаме со жицата додека не се растопи и оставаме кремот да се излади.
  4. Во сад за матење со миксер ја матиме слатката павлака додека не ја добие потребната цврстина. Го додаваме изладениот крем и матиме додека смесата не се соедини.
  5. Во помало тенџере го ставаме желатинот. Додаваме 300 мл вода, промешуваме и оставаме да набабри. Го ставаме тенџерето на оган. Откако желатинот ќе се растопи го тргаме од оган. Подизладениот желатин го додаваме во садот со претходно подготвената смеса и матиме со миксерот додека филот не се соедини.
  6. Пандишпаните ги вадиме од тавата и калапите, и им ги отстрануваме хартиите. Во тркалезен калап го ставаме првиот пандишпан со афион и го премачуваме со фил. Врз филот го ставаме жолтиот пандишпан и го филуваме. Врз филот го ставаме вториот пандишпан со афион, го премачкуваме со преостанатиот фил и го наросуваме со рендана чоколада. Го ставаме калапот во фрижидер.
  7. Откако колачот ќе се излади го вадиме од калапот и го сечеме на коцки. На чинија за сервирање ставаме две Коцки со афион. Декорираме со стапчиња цимет и цвет од кругови портокал.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: