- Една главица кромид и едно чешне лук сечкаме на поголеми парчиња. Ги ставаме во тенџере со вода на оган и ги додаваме свинските ребра. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Додаваме 3-4 лажици масло, ги вариме ребрата 30-тина минути и го тргаме тенџерето од оган.
- Ги вадиме ребрата од тенџерето и ги ставаме во тава за печење, намрсена со масло. Втората главица кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано масло во тава на оган. И преостанатото чешне лук ситно го сечкаме и го додаваме во тавата со омекнатиот кромид.
- Потоа ги додаваме доматното пире, кечапот, пивото, соја сосот, црвениот пипер, сенфот, медот и мешаниот зачин К+. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Откако маринадата ќе ја добие потребната густина ја тргаме тавата од оган. Со црпалка ја нанесуваме маринадата врз свинските ребра и ја ставаме тавата во рерна.
- Печеме 45 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Испечените ребра ги вадиме од тавата и ги сечеме на парчиња.
- Чинијата за сервирање ја украсуваме со два листа марула и ги ставаме Маринираните свински ребра. До нив сервираме претходно сварени резанки. Декорираме со кришки домат и гранче босилек.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит