- Почнуваме со подготовка на кората. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Белките ги посолуваме и ги матиме со миксер. Во садот една по една ги додаваме жолчките и матиме додека не се соединат со белките.
- Потоа ги додаваме брашното, маслото и прашокот за печиво, и мешаме со лопатка додека смесата не се соедини. Тркалезниот калап бр 24 го намрсуваме со масло и го набрашнуваме. Ја нанесуваме подготвената смеса и го ставаме калапот во рерна. Печеме 15 минути на 200 степени и го вадиме од рерна. Почнуваме со подготовка на филот. Во длабок сад ги ставаме кајмакот, сенфот и мајонезот, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
- Киселите краставички, варените јајца и шунката ги сечкаме на парчиња, ги миксаме во блендер и ги додаваме во садот. На маслинките со алатка им ги отстрануваме семките, ги миксаме во блендерот, па и нив ги додаваме во садот.
- Го мешаме филот со лажицата додека не се соедини. Изладената кора ја вадиме од калапот и ја ставаме на чинија за торта. Прво ја премачкуваме со крем сирењето, а потоа со подготвениот фил. На ситната страна од рендето на чинија го рендаме кашкавалот и го нанесуваме врз филот.
- Тортата ја декорираме со ролнички од црвена конзервирана пиперка и половинки зелени маслинки полнети со пиперки.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.