Ljubljanska-krem-torta-(2)

Љубљанска Крем Торта

Ве воодушеви фотографијата? А, само да ја пробате тортата. Чоколадни пандишпани со арома на рум соединети со крем од жолчки. Тортата премачкна со шлаг крем од чоколада и одлично декорирана. Ние само ќе кажеме – се топи во уста, Вие проверете

Потребно е:

– 8 јајца

ЗА ПАНДИШПАНИ

– 210 г шеќер
– 210 г маргарин
– 200 г чоколада за готвење
– 150 г мелени бисквити
– 50 мл рум

ЗА КРЕМ

– 200 мл млеко
– 3 лажици шеќер
– 3 лажици брашно

ЗА УКРАСУВАЊЕ

– 2 кесички прашок за шлаг крем од чоколада
– 200 мл млеко

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на пандишпаните. Во тенџере на оган ги ставаме маргаринот и шеќерот. Чоколадата ја кршиме на парчиња, ја додаваме во тенџерето и мешаме со лажица. Откако состојките ќе се растопат го тргаме тенџерето од оган.
  2. Оставаме содржината да се излади. Во садот со мелените бисквити го додаваме румот и промешуваме со лажица. Јајцата ги кршиме, белките ги ставаме во длабок сад, а жолчките ги оставаме во сад на страна.
  3. Со миксер ги матиме белките додека не ја добијат потребната цврстина. Ги додаваме бисквитите со румот и изладената содржина од тенџерето. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во два тркалезни калапа бр 24, обложени со хартија. Ги ставаме калапите во рерна.
  4. Печеме 20 минути на 180 степени и ги вадиме од рерна. Почнуваме со подготовка на кремот. Во тенџере на оган ги ставаме млекото, шеќерот, брашното и преостанатите осум жолчки. Мешаме со жица за матење. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган.
  5. Оставаме кремот да се излади. Изладените пандишпани ги вадиме од калапите и им ги отстрануваме хартиите. На чинија за торта го ставаме првиот пандишпан и го премачкуваме со кремот. Врз кремот го ставаме вториот пандишпан. Во сад за матење ги ставаме прашокот за шлаг крем и млекото.
  6. Матиме со миксер додека шлаг кремот не ја добие потребната цврстина.
  7. Со шлаг крем ја премачкуваме целата торта. Преостанатиот шлаг крем го ставаме во слаткарска кеса, и ги украсуваме горната површина и страничниот дел на тортата. Со лажица Љубљанската крем торта ја декорираме со чоколадни трошки.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: