Junesko-so-vranec-(5)

Јунешко во Вранец

Вранецот е задолжителен само за во грнето, а за уживање со овој специјалитет изборот на виното направете го по Ваш вкус. Со толку зачини и зачински билки лепезата за избор Ви е широка, а работата лесна.

Потребно е:

– 1,2 кг јунешка кртина од бут
– 700 мл црвено вино Вранец
– 200 г моркови
– 100 г кромид
– 100 г брашно
– 50 г путер
– 3 чешниња лук
– 1 врзоп француски магдонос
– 3-4 гранчиња сува жалфија
– 3-4 ловорови листови
– 2-3 гранчиња целер
– 1 гранче сув рузмарин
– 2 лажици мешан зачин К+
– 1 кесичка цимет
– 6-7 каранфилчиња
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Месото го посолуваме од сите страни и го наросуваме со 1 лажица мешан зачин К+. Го набрашнуваме, и го пржиме на загреана мешавина од путер и масло во тава на оган. Откако ќе порумени од сите страни го вадиме месото од тавата, го ставаме во керамичко грне и го покриваме со капак.
  2. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на преостанатата мрснотија во тавата на оган. Морковите ги сечкаме на коцки, а чешнињата лук на парчиња и ги додаваме во тавата со омекнатиот кромид. Магдоносот и гранчињата целер ситно ги сечкаме, а листовите рузмарин и жалфија ги рониме од гранчињата, па и нив ги додаваме во тавата.
  3. Потоа ги додаваме каранфилчињата, ловоровите листови и циметот. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Ги додаваме преостанатиот мешан зачин и Вранецот, и промешуваме. Откако содржината во тавата ќе зоврие ја додаваме во грнето.
  4. Го покриваме со капак и го ставаме во рерна. Печеме 90 минути на 200 степени и го вадиме грнето од рерна. Месото го вадиме од грнето и го сечеме на парчиња. Чинијата за сервирање ја украсуваме со два листа марула.
  5. На средината на чинијата скалесто ги сервираме парчињата Јунешко во Вранец и ги преливаме со сосот од грнето. На едната страна на чинијата сервираме претходно обарен мешан зеленчук, а на другата страна на чинијата украсуваме со 4 коси кругови морков.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: