- Зајакот го сечеме на три поголеми парчиња и ги отсекуваме задните бутчиња на зајакот. На повеќе места ги боцкаме парчињата зајак со нож. Сланината ја сечкаме на коцки. Со коцки сланина ги полниме засеците во парчињата зајак.
- Шпикуваното месо го посолуваме и го наросуваме со мелен црн пипер. Главицата зелка ја разлистуваме и на листовите им ги отсекуваме кочаните. Секое парче зајак го свиткуваме во еден лист зелка.
- Средишниот дел на главицата зелка ситно го сечкаме и го пржиме на загреано масло во тава на оган. Ги додаваме преостанатите парчиња сланина и мешаниот зачин К+. Откако зелката ќе се испржи ја тргаме тавата од оган. Ја ставаме зелката во огноотпорен сад.
- Врз неа ги редиме парчињата зајак, попрскуваме со масло и преливаме со виното. Во садот со киселата павлака додаваме масло и мешаме со лажица. Ја нанесуваме размешаната павлака на парчињата зајак и го ставаме огноотпорниот сад во рерна.
- Печеме 2 часа на 200 степени и го вадиме од рерна. На чинија за сервирање ставаме од подварокот. Месото го сечеме на помали парчиња, скалесто ги сервираме на подварокот и преливаме со течноста од огноотпорниот сад.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.