Babini-gurabii-so-griz-(6)

Бабини Гурабии со Гриз

Баба денес нешто не е во форма, а Вие сакате да ја расположите. Е, па, одлична идеја е да ги подготвите нејзините колачи. Дури ни за мерките не мора да ја прашувате зошто рецептите на речиси сите баби се горе-долу исти. Затоа еве Ви еден испробан рецепт и само напред.

Потребно е:

– 1 јајце
– 160 г гриз
– 50 г брашно
– 50 мл масло за јадење
– 1 лажица шеќер
– 1 прашок за печиво

ЗА ШЕРБЕТ
– 200 г шеќер во прав
– 400 мл вода
– 1 ванилин шеќер

Подготовка:

  1. Во сад за матење го кршиме јајцето. Го додаваме шеќерот и матиме со миксер додека не се растопи. Потоа ги додаваме гризот, маслото и прашокот за печиво, и со брашното замесуваме тесто.
  2. Формираме топчиња со големина на орев, малку ги сплескуваме и ги редиме во тава за печење, намрсена со масло. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 30 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
  3. Почнуваме со подготовка на шербетот. Во тенџере на оган ги ставаме шеќерот во прав, ванилиниот шеќер и водата. Откако шербетот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Со врелиот шербет ги преливаме гурабиите и ја враќаме тавата во рерна. Печеме уште 5 минути на 150 степени и ја вадиме од рерна.
  4. Откако гурабиите ќе го впијат шербетот и ќе се изладат ги редиме на чинија за сервирање. Декорираме со полукругови портокал и кругови киви.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: