Salata-od-piperki-i-pecurki-(13)

Салата од Пиперки и Печурки

Салата за вистински уживање!

Потребно е:

– 500 г свежи пиперки
– 500 г свежи шампињони
– 300 г Фета сирење
– 200 мл кисела павлака
– 150 г кругови шунка
– 3 варени, лупени јајца
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. На загреано масло во тава на оган ги ставаме пиперките. Откако ќе се испржат ги вадиме од тавата и ги ставаме на чинија.
  2. Ги лупиме пиперките, ги сечкаме на парчиња и ги ставаме во длабок сад. Зовриената вода во тенџере на оган ја посолуваме и ги додаваме шампињоните. Откако ќе се обарат ги ставаме во цедалка. Исцедените шампињони ги сечкаме на листови. Со раце целосно им ја истиснуваме водата и ги додаваме во садот со пиперките.
  3. Фета сирењето го дробиме со виљушка, го додаваме во садот со киселата павлака и мешаме со жица. Го додаваме сирењето со павлака во садот со пиперките и шампињоните.
  4. Круговите шунка ги сечкаме на тенки долгнавести парчиња, а варените јајца на четвртинки и ги додаваме во садот. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и ја промешуваме салатата.
  5. Чинијата за сервирање ја украсуваме со два листа марула. Потоа на чинијата во форма на куп ја сервираме салатата. Декорираме со гранчиња босилек, тенки кругови црвена пиперка, гранчиња француски магдонос и ротквички засечени во форма на цвет.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *